Принцот Хари откри дека ја изгубил невиноста со постара жена

Во новата автобиографија, принцот Хари открил дека ја изгубил невиноста со постара жена. Автобиографијата наводно ќе биде објавена на 10 јануари и ќе се вика Spare, „Резервна“.

Иако во јавноста во последен период повеќе се зборува за документарецот на „Нетфликс“, во кој Хари и Меган го нападнаа кралското семејство, сепак во мемоарите, бившиот принц би можел да изнесе повеќе интересни и непознати детали за себе кои досега вешто ги криел.

Хари во книгата пишува за тоа кога првпат имал секс и дека тоа било со постара жена на село. Многумина пак коментираат дека тоа била глумицата Елизабет Харли.

„Не сум јас. Не сум виновна. Апсолутно не“, рече Елизабет негирајќи ги коментарите дека таа била жената со која Хари ја изгубил невиноста.

За потсетување, кралското семејство рече дека не сака да го гледа новиот документарец за Хари и Меган, но и покрај негодувањата за истиот, кралот Чарлс ќе ги покани двајцата на неговото крунисување. Претходно ќе одржи и говор за престојните празници, на кој исто така ќе ги спомене Хари и Меган.

 

Scroll to Top