Принцот Хари предупреден за документарецот за лејди Дијана: „Се очекуваат опасни последици“

Британскиот принц Хари е предупреден поради најавата дека планира да сними „екстремно опасен“ документарец за неговата покојна мајка, принцезата Дијана.

Документарецот ќе се емитува на Netflix, а кралскиот експерт Ричард Фицвилијамс процени дека потенцијалниот проект би можел да има „опасни“ последици.

Документарецот на Netflix, доколку се сними, наводно ќе биде објавен во 2027 година, што би се совпаднало со 30-годишнината од смртта на принцезата Дијана, објавува Mirror.

Иако документарецот не е потврден од Netflix или принцот Хари, кралскиот експерт Ричард Фицвилијамс ги сподели своите мисли за потенцијалниот проект, велејќи дека доколку се емитува таков документарец, тоа би ги загрозило сите шанси Хари да се помири со кралското семејство.

„Од неговите мемоари знаеме колку длабоко ја сакал својата мајка и колку бил скршен поради нејзината смрт. Тоа очигледно е сосема разбирливо. Доколку предложениот документарец содржи нешто контроверзно, тоа сериозно би го загрозило помирувањето што Хари вели дека го сака со своето семејство, иако несомнено би ја привлекол публиката“, рече Фицвилијамс.

Scroll to Top