Принцот Луис направи шоу на крунисувањето: дадилката мораше да го извади од црквата за да го смири

Принцот Луис, најмалиот син на Кејт и Вилијам направи шоу за време на крунисувањето на неговиот дедо,кралот Чарлс Трети.

Додека најстариот Џорџ имаше важна улога на крунисувањето, бидејќи му помагаше на неговиот дедо со наметката, Луис и Шарлот седеа меѓу нивните родители.

Фотографите го фатија Луис дека баш и не ужива во церемонијата, тој се прозеваше, гледаше во таванот, а потоа покажуваше со прстот кон постарата сестра и ѝ шепотеше на уво. Во еден момент дадилката го извади надвор да се смири, а на враќање тој весело пееше.

Ова не е прв пат принцовите да бидат непослушни на официјални јавни настапи, но Шарлот уште еднаш се обиде да го смири Луис и да му објасни дека мора да се однесува правилно.

Scroll to Top