Принцот Луј, третиот син на Големиот војвода и војвотката од Луксембург, Анри и Марија Тереза, ќе треба да плаќа алиментација во висина од 75 фунти неделно за своите двајца синови Габриел (12) и Ноа (11).
Во постапката за утврдување на алиментацијата, неговата сопруга прицезата Теси побарала од судот принцот да плати 1,5 милиони фунти. Таа објаснила дека со парите ќе купи куќа и кола за неа и децата.
Принцезата сметала дека ваквата сума е оправдана и логична и дека принцот парите може да ги обезбеди од неговите родители, војводата и војвотката од Луксембург, Анри и Марија Тереза. Судот го отфрлил ваквото барање и оценил дека би било погрешно да се заклучи во овој случај, дека семејството на сопругот треба да претставува финансиски извор.
Иако принцот Луј, првично понудил сума од 3000 фунти годишно, сепак судот сметал дека 4000 фунти годишно е идеалната цена која што принцезата треба да ја добие за одгледување на нивните две деца.
Покрај сумата, судот одлучил дека мајката и децата ќе можат да го користат нивниот довчерашен семеен дом, се додека најмладото дете не го заврши првиот степен на образование.
Принцот Луј е третиот син на војводата и војвотката Хенри и Марија Тереза од Луксембург. Тој во моментов живее во Париз. Принцезата Теси е директор на невладината организација Professors Without Borders, и во моментов живее во Лондон.
Таа работела за Обединетите Нации кога се сретнале со принцот Луј, кој во тоа време бил во посета на трупите во Косово. Се венчале во септември 2006 година, шест месеци по раѓањето на нивниот син Габриел.
Кога се венчале, повремено живееле во Америка и Лондон. Нивниот бракот се распаднал летото 2016 година.