Принцот од Брунеи заведува преку „Инстаграм“

Принцот Мартин е четвртиот син на султанот од Брунеи и шести во низата за тронот. Но, 26-годишниот принц не го сакаат само поради семејното наследство и титулата, туку народот во Брунеи се воодушевува и на неговата непосредност. Тој е една од најследените личности на „Инстаграм“ во Брунеи. Младиот принц постојано споделува фотографии од секојдневниот живот, од семејните вечери, спортските активности на кои учествува и присуствува, од пријателите…

Принцот Мартин дипломирал на Кралската воена академија во 2011 година, а има и диплома за меѓународна дипломатија од Универзитетот на Лондон. Тој е голем фан на Манчестер јунајтед.  

 

Scroll to Top