Принцот Вилијам е љубоморен на поранешното момче на Кејт Мидлтон

Принцот Вилијам е љубоморен на поранешно момче на неговата сопруга Кејт Мидлтон, пишуваат британските медиуми. Станува збор за богатиот наследник Хенри Ропнер со кого Кејт имала краткотрајна романса во време кога за кратко ја прекинала врската со Вилијам.

Иако денес изгледаат како совршена двојка, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон во минатото имале големи несогласувања, а во еден момент дури и за кратко ја прекинале врската.

Прекинот се случил во 2007 година, па иако брзо се смирија, и двајцата за време на разделбата одлучиле дека може да се гледаат со други луѓе.

Вилијам во тој период бил заинтересиран за Изабела Калторп, сестрата на Кресиди Бонас, поранешната девојка на неговиот брат Хари. Кејт Мидлтон излегувала со Хенри Ропнер, кој бил колега на Вилијам. Работите во тој период станале занимливи за јавноста затоа што Вилијам почнал да излегува и со поранешната девојка на Хенри, Јеком Крег.

„Хенри е среќен што можел да биде со Кејт по прекинувањето на врската со Вилијам. Двајцата често се сретнувале и уживале заедно“, пишуваа во тој период британските медиуми.

Врската сепак не траела премногу долго. Кејт брзо му се врати на Вилијам. Ропнер во меѓувреме се ожени со Наташа Синклер, а на својата венчавка ја покани и кралската двојка.

 

 

 

 

 

Scroll to Top