Принцот Вилијам го прекрши кралскиот протокол за девојче со Даунов синдром

Британскиот принц Вилијам го прекрши кралскиот протокол за да се слика со Џенифер Мелоун, девојче од Ирска со Даунов сидром, кое е голем обожавател на кралското семејство.

Членовите на кралското семејство не се сликаат со фановите, правењето селфи-форографии им е строго забрането, а не смеат да даваат ни автограми, но војводата од Кембриџ реши да ѝ ја исполни желбата на Џенифер, која му подари и букет цвеќиња.

Нејзината мајка ги сподели фотографиите на „Твитер“.

Не е првпат Џенифер да се фотографира со познати личности. Лани таа направи селфи со актерот Хју Џекмен, кој е исто така познат по тоа што не сака да се слика слика многу со обожавателите, туку повеќе сака да разговара со нив..

Scroll to Top