Принцот Вилијам (39) во средата се одмори од кралските обврски и беше на божикната забава во приватниот клуб на Освалд во Лондон. Но, овој пат бил сам, без Кејт. Војводата од Кембриџ ретко излегува навечер, а овој пат е фотографиран во автомобил додека во добро расположение се враќал во палатата Кенсингтон од забава.
На вечерата се дружеше со пејачот Џејмс Блант и неговата сопруга Софија и со актерката Холи Валанс и нејзиниот сопруг, милијардерот Ник Кенди, пишува магазинот Hello.
Пејачот Џејмс е миленик на британското кралско семејство. Минатата недела неговата сопруга Софија приреди гала-вечера на која присуствуваа и принцезата Беатрис и принцезата Евгенија.