Принцот Вилијам не се појавил на состанок со Бритни Спирс

Светските медиуми пред повеќе од 20 години пишуваа дека британскиот принц Вилијам е во врска со поп-ѕвездата Бритни Спирс, но тие никогаш не го потврдија тоа. Сепак, пејачката неодамна призна дека неколку месеци контактирала со војводата од Кембриџ и дека договориле да излезат на состанок.

„Се допишувавме едно време преку мејл и одлучивме да излеземе. Требаше да дојде на состанокот, но никогаш не се појави. Тоа едноставно не упали“, раскажала Бритни.

Таа рекла дека Вилијам ја оставил да го чека на вечерата која всушност требала да биде нивниот прв состанок, ниту пак ѝ кажал зошто не се појавил.

Вилијам денес е во брак со Кејт Мидлтон со која денес има три деца. Бритни, пак, има три пропаднати бракови и два сина. Во моментов е во врска со моделот Сем Асгари.

Scroll to Top