Принцот Вилијам призна дека се плашел од јавните говори, затоа што неговиот вид се повеќе и повеќе слабее. Тој призна дека без леќите не може да гледа, пишува „Дејли Мејл“.
Кога не ги носи контактните леќи, тој вели дека сè му е магловито. Тој во новиот документарец на „Би-Би-Си“, проговори за менталното здравје. Тој тврди дека отсекогаш бил анскиозен, кога требало да настапи пред луѓе.
Тоа што го охрабрило и му помогнало во јавните настапи, е тоа што не можелд а ги распознава луѓето кои биле пред него.
„Видот почна да ми се намалува како поминуваше времето. Јас немав навика да носам контактни леќи додека работев. Држев говори, а воопшто не можев да распознаам било кое лице. И тоа навистина ми помогна да ја победам анскиозноста и стравот од јавни настапи“, вели Вилијам.
Споменатиот документарец е дел од кампањата во која се настојува да се разбуди свеста за ова важно прашање и тоа низ фудбалот. Во краткото видео, Вилијам разговарал со поранешниот англиски фудбалер, Марвин Сордел. Двајцата зборуваа за тоа како сеќавањата од минатите трауми ги разбудила, откако двајцата станале татковци.
Во филмот, британскиот престолонаследник се среќава со играчи, навивачи и менаџери, елитни фудбаски играчи и со нив разговара за менталното здравје.
Освен тоа, тој уште еднаш проговори за трагичната смрт на Лејди Ди, но и како губитокот на мајката се одразил на неговата родителска улога. Со оглед на тоа дека оваа кампања ја минува низ фудбалот, Вилијам нагласил дека разбира дека сè се променило поради пандемијата со коронавирусот, па се откажани голем број на натпревари.
Вилијам вели дека сака да им помогне на фудбалерите да се чувствуваат подобро, за да ја имаат поддршката и да го сочуваат своето ментално здравје.