Присила Присли, сопругата на легендарниот Елвис Присли, на 72 години реши да ја напушти Скиентолошката црква. Таа пред 40 години станала членка на контроверзната Скиентолошка црква, но конечно сега сфатила дека ѝ е доста од сето тоа.
„Доста е веќе. Готово е со тоа“, рекла Присила за која се верува дека се вклучила во овој култ по смртта на својот сопруг со кого ја доби ќерката Лиза Мари.
Подоцна со Марк Гарибалди го добила синот Навароне. Двете деца ги воспитувала во духот на скиентологијата, а потоа во 2014 година ќерка ѝ ја изненадила со заминувањето од неа.
„Заминувањето на Лиза Мари од црквата имаше погубно дејство врз Присила бидејќи се многу блиски“, рекол за медиумите извор близок на славното семејство.
Скиентологијата во 1955 година ја основал Л. Рон Хабард, писател на научна фантастика, и оваа вера веќе со години важи за многу контроверзна.
Еден од најпознатите следбеници на скиентологијата е актерот Том Круз, кој се обиде да ги преобрати и двете сопруги, Никол Кидман и Кејти Холмс. Двете по разводот ја напуштија скиентологијата.