Професорката го откачи Бред Пит

Убавата израелска архитектка и професорка на универзитетот МИТ, Нери Оксман, стана позната откако медиумите нaпишаа дека го освоила Бред Пит (54).

Минатиот викенд, во Париз, папараците ја снимиле Нери во друштво на нејзиниот дечко, милијардерот Бил Акман (52). Убавата професорка го бодрела својот дечко на тенискиот турнир Finance Cup. Парот, според приказните бил многу близок.

„Бил победи на турнирот, но ја освои и девојката. Бред ќе мора да ја зајакне својата игра и својата едукација ако сака да освои така импресивна и интелектуална жена“ рекол извор за Рage Six.

Друг извор пред два месеци раскажал дека Бред и Нери се восхитени еден со друг.

„Двајцата делат иста страст кон архитектура, дизајн и уметност. Тоа е најдобро да се опише како професионално пријателство“ рекол изворот, додавајќи дека Бред сака со Нери да минува што повеќе време бидејќи му е фасцинантна.

Scroll to Top