Пронајдена мртва актерката од познатиот хорор-филм „Прстен“

Ѕвездата на легендарниот хорор-филм „Прстен“, 40-годишната јапонска актерка Јуко Такеучи, e пронајдена мртва во својот стан во Токио.

Полицијата почнала истрага, а според пишувањето на медиумите, оваа наградувана актерка, мајка на две деца, најверојатно извршила самоубиство.

Телото на актерката го пронашол нејзиниот сопруг, исто така актер, Таики Накабајаши, а лекарите во болницата можеле само да ја констатираат нејзината смрт, пренесуваат медиумите.

Такеучи беше позната актерка во Јапонија, а најпозната нејзина улога е во јапонскиот хорор-филм „Прстен“ од 1998 година. Таа доби светска популарност во 2018 година играјќи во серијата „Мис Шерлок“ во продукција на Ејч-би-о.

 

Scroll to Top