Протеинска салата по рецепт на Ријана

Американската пејачка Ријана за магазинот Esquire го открила рецептот за својатот омилен оброк. Таа вели дека ѝ е омилена протеинска салата во која главна состојка е леблебијата.

За едно лице потребно е 100 гр варена леблебија, 1/2 краставица, 1/2 домат, 2 парчиња кромид, сол и бибер по желба, 1 лажичка маслиново масло и ливчиња босилек за декорација

„Пред варењето на леблебијата треба да ја потопите во вода, за да набабри – најдобро е од вечер. Исечкајте ја краставицата, доматот и кромидот и помешајте ги со леблебијата. Состојките добро измешајте ги и додадете сол, бибер и маслиново масло, па украсете со босилек“, рекла Ријана во интервјуто.

Scroll to Top