Прстен од 7 милиони фунти за руската манекенка

Се омажи руската манекенка Ксенија Царицина за своето долгогодишно момче Алексеј Шаповалов. Пред да стапат во брак тие беа две децении во врска. Алексеј, кој е мултимилијардер, на својата сакана ѝ подарил дијамантски прстен од 70 карати, кој вреди 7 милиони фунти. Младоженецот избрал венчавката да биде во „Барвикја“, луксузен хотел во Москва. Освен ентериерот, кој бил украсен со цветни декорации, посебен впечаток на сите гости им оставила тортата што лебдела во воздух и венчаниците што Ксенија ги менувала една по друга. На младенците и на нивните гости им свиреле натпреварувачката од Евровизија, Полина Гарагина, и рок-бендот „Ленинград“.

Scroll to Top