Први слики од венчавката на Мајли Сајрус и Лиам Хемсфорт

Американската пејачка и глумица Мајли Сајрус (26) се омажи за своето долгогодишно момче, австралискиот актер Лиам Хемсворт (28). Таа на „Инстаграм“ објави црно-бели фотографии и ги потврди пишувањата на медиумите дека се венчале. Мајли на свадбата носеше венчаница од дизајнерката Вивиен Вествуд, а Лиам беше облечен во елегантен црн костум со бели патики.

На свадбата на Мајли и Лиаб беа присутни само нивните најблиски, а венчавката се одржа во нивниот дом во Тенеси.

https://www.instagram.com/p/Br3VA71h0Ov/?utm_source=ig_embed

Scroll to Top