Првиот анимиран филм на „Дизни“ со геј-лик во главната улога помина очајно на киноблагајните

„Дизни“ доживеа едно од своите најлоши кино-изданија досега со својот најнов анимиран филм „Чуден свет“, во кој главниот лик е геј. Филмот им донесе добивка од 18,6 милиони долари во петдневниот празничен викенд.

„Чуден свет“ го имаше вториот најлош уводен викенд некогаш пренесе Variety. Филмот собра само околу половина од своите проектирани приходи во вториот викенд.

Голел број ѕвезди кои ги позајмија гласовите беа дел од овој проект. Меѓу нив беа Џејк Џиленхол, Денис Вилијам Квејд, Луси Лиу и Габриел Јунион. Филмот имаше огромен буџет меѓу 120 и 130 милиони долари, пренесе Daily Mail.
На почетокот имаше големи очекувања. „Дизни“ предвиде дека филмот ќе заработи меѓу 30 и 40 милиони долари во текот на вториот викенд. Сепак, бројките брзо и значително беа ревидирани надолу кога беше увидено колку лошо поминал кај публиката пренесе Yahoo.

Scroll to Top