Првиот бакнеж и љубов, Меган ги доживеала во летен камп

By

Првото момче на Меган Маркл, комичарот Џошуа Силверстајн, за медиумите откри дека прв пат ја запознал поранешната актерка во летен камп во Калифорнија, а се потсети и како паднал нивниот прв бакнеж.

Џошуа кој се потсети на убавите моменти од детството, вели дека успеале да излезат од часот за кратко и да се бакнат. За комичарот Меган покажала голема самоувереност уште во своите тинејџерски години.

„Таа го направи првиот чекор ѝ ме бакна. Мислам дека бев ок. Барем за во таа фаза од врската. Подоцна се бакнавме уште неколку пати, а претходно се држевме за раце и се гушкавме. Бевме пар“, вели Џошуа.

Комичарот кој сега е татко на две деца и живее во Лос Анџелес, вели дека Меган му била многу драга, слатка, талентирана и заинтересирана за театарскиот камп.

Медиумите пишуваат дека првата љубов на војвотката од Сасекс, би можела да биде допар показател за тоа во каква жена, поранешната актерка може да стане во иднина.

Уште пред неколку години кога глумела во серијата „Одела“, во интервју за водителот Лари Кинг, Меган открила детал за својот прв бакнеж. Двојката раскинала пред крајот на летото, пред да се вратат во школо.

 

Ќе ви се допадне