Актерката Џоан Колинс е секс симбол на осумдесетите и една од најпознатите негативци, која се прослави со улогата на Алексис во популарната „Династија“.Оваа актерка британците ја доживуваат како национално богатство, а нејзината животна приказна ги руши сите граници.
Освен богатата кариера, Џоан секако има уште побогата животна приказна во која имало разни подеми и падови, убави, но и грди ситуации.
Нејзиниот љубовен живот отсекогаш ја заинтригирал јавноста. Својот прв сопруг го запознала на многу млада возраст, па на 19 години се омажила за ирскиот актер Максвел Рид, кој ја силувал на првиот состанок откако и ставил дрога во пијалокот. Нивната врска започнала со насилство, а бидејќи и двајцата потекнувале од конзервативни семејства, морале да се венчаат.
„Пеколот започна веќе на меден месец во Кан. Ме третираше како роб. Морав да ја бојам косата црна и да трпам навреди”, рекла таа, ни сфаќајќи дека тоа било само почеток.
Седум месеци по венчавката, еден богат шеик му понудил на нејзиниот сопруг десет илјади фунти да спие со Џоан, на што тој се согласил.
„Нема да веруваш, но би ми дозволил да те гледам“, ѝ рекол.
Тоа било знак за Колинс дека треба да го остави и да се врати во својот семеен дом.
По овој пад, следеле уште многу, Џоан била со голем број мажи поради што и го доделија прекарот во Холивуд, Бритиш опен.
Во животот Џоан имала четири брака, од кои секој завршил поради изневерување, додека третиот брак пропаднал затоа што нејзиниот тогашен сопруг Рон Кас се свртел кон порок откако неговиот бизнис пропаднал, а утехата ја наоѓал во кокаин.
Актерката доживеа уште една голема трагедија, кога ќерката што ја имаше со Кас загина во сообраќајна несреќа, која воопшто не го потресе Рон.
И покрај сите светли моменти во кариерата, Џоан имала големи неуспеси во приватниот живот, што влијаело на нејзината самодоверба, па како што вели никогаш не помислила дека изгледа добро. Дел од вината за ваквите ставови е и нејзиниот татко со кој секогаш имала лоши односи, а како што еднаш открила, кога се родила рекол дека изгледа како јагнешки стек.
Сепак, и покрај сите неуспеси, актерката среќата ја најде покрај 33 години помладиот Перси Гибсон со кој ужива повеќе од две децении. Нејзините пријатели биле многу скептични кога станува збор за нивната врска, не толку поради разликата во години, туку затоа што таа ги сруши сите нејзини рекорди кога е во прашање љубовта со Гибсон.