Норма Џин Мортенсон, позната во целиот свет како Мерлин Монро е родена на денешен ден пред 94 години. Таа првпат се омажила на 16 години, а нејзините блиски велат дека добар дел од нејзиниот животот патела од депресија. Особено по аборутсот. Зад неа се три брака, а нејзината смрт, до ден денес остана мистерија.
Во јавноста се јавија голем број теории на загворо за тоа како починала Мерлин Монро. Многумина сметата дека таа е убиена, а зад нејзиното убиство стои тогашниот американски претседател Џон Кенеди.
Мерлин Монро е позната по глумата во филмовите „Мажите повеќе сакаат русокоси“, „Како да се омажиш за милионер“, „Принц и играч“ и „Мајмунска работа“. Врвот во нејзината кариера се смета филмот „Некои тоа го сакаат жешко“. За овој филм, таа доби и „Златен глобус“ за најдобра глумица.
Освен кариерата, Монро ја интригираше јавноста и со нејзиниот приватен живот, но и со атрактивниот изглед. Нејзиниот стил на однесување, фризура или некои антологиски моменти, до ден денес се користат во светот на шоубизнисот, како лајт мотив.
Поради проблемите со кои се соочила нејзината мајка, Норма Џин, Мерлин Монро своето детство го минала во згрижувачко семејство. За време на Втората светска војна, таа работела во фабрика, а кога првпат била забележена од фотографите, веднаш ѝ се отвориле вратите во светот на модата.
На 20 години одлучила да се разведе. Тогаш го променила своето име во Мерлин Монро. Монро е моминското презиме на нејзината мајка, а Мерлин е средното име на нејзината баба.
Нејзината кариера на модел напредувала како минувало времето. Монро се најде на насловните страни на речиси сите светски магазини. Но, нејзината желба била да стане глумица. Таа потпишала договор со компанијата 20th Century Fox-om. На почетокот добивала мали улоги, додка не ја привлекла публиката со култниот филм „Сè за Ева“.
Пдоцна ќе се омажи уште два пати. Нејзиното име го поврзуваат со голем број на моќни мажи. Нејзиниот втор брак е со бејзбол ѕвездата Џо Димаџио. Двајцата ќе се разведат затоа што Димаџио не можел да се носи со нејзината слава. Многу сметаат дека тој бил нејзината најголема љубов.
И двајцата по разводот често се гледале, а и самиот Димаџио по разводот со Монро, никогаш не се оженил повторно. Монро трет пат се омажила за драматургот Артур Милер. Тогаш ќе доживее абортус, нешто што многу ќе влијае на нејзиниот живот. Нејзината депресија, анксиозност и зависност, ќе станат сериозен проблем.
Наскоро следи и развод од Милер. Мерлин Монро починува на 36. годишна возраст. Нејзиното тело ќе биде најдено на петти август 1962 година. Таа е најдена мртва во нејзиниот стан. По опсежната истрага, полицијата ќе утврди дека Монро извршила самоубиство, со земање на прекумерна доза на таблети за спиење.
Во врска со тоа, се појавиле низа на теории на заговор. Постојат индиции дека е убиена поради љубовната афера со американскиот претседател Џон Кенеди. Пред нејзината смрт, таа требала повторно да се омажи за Димаџио. Бејзбол ѕвездата го организирал нејзиниот погреб, но не поканил никого од Холивуд.
На погребот на Монро, се појавиле само најблиските пријатели и роднини.