Путин го откажа капењето на Богојавление поради короната

Рускиот претседател Владимир Путин, првпат нема да се нурне во ледената вода на Богојавление, поради пандемијата на коронавирус. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека ги послушал препораките на претставниците на црквата и одлучил да не оди на Богојавленската бања, пренесува РИА Новости.

На Богојавление, верниците го слават денот на крштевањето на Исус Христос во реката Јордан, а на тој празник илјадници луѓе во Русија се капат во студените реки и езера. Меѓу нив традиционално секоја година се нурнува и Путин.

Scroll to Top