Рафаел Надал и сопругата лансираа парфеми, кои чинат повеќе од 1.000 евра

Познатиот тенисер Рафаел Надал и неговата сопруга го претставија новиот парфем In All Intimacy.

Славниот пар ја искористи страста кон парфемите за да создаде два сосема нови мириси, кои ги лансираше познатиот бренд Henry Jacques.

Во интервју за магазинот „Вог“, Надал објасни што претставуваат мирисите за него.

„Ако се истуширам и не ставам парфем, не се чувствувам комплетен. Таа навика е дел од мојот живот долго време“, изјавил тенисерот.

Објаснувајќи ги разликите меѓу мирисите што неодамна ги претстави, познатиот спортист истакнува дека еден парфем е појак и дизајниран да се носи кога игра тенис.

Содржи светли, енергични ноти кои се спојуваат со коријандер, лимон и шпански пелин, а е надополнет со мирис на кедар.

Цената на парфем од 75 ml чини 990 фунти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HENRY JACQUES (@henryjacquesparfums)

Scroll to Top