Ракот на Пеле е во напредна фаза, влошена состојбата на легендарниот фудбалер

Ракот на Пеле е во напредна фаза и неговата состојба е влошена, пренесе „Би-би-си“ и се повика на извор од болницата во Сао Паоло, каде што се лекува легендарниот фудбалер. Нему во септември 2021 му беше отстранет рак на дебелото црево и оттогаш оди на редовни третмани.

„На Пеле му е неопходна голема грижа бидејќи срцето и бубрезите слабо му функционираат, а ракот напредуваше“, велат од болницата „Алберт Ајнштајн“.

Пеле (82) веќе три недели е во болница, а неговата ќерка на Инстаграм напиша дека тој таму ќе го помине и Божик.

„Нашиот Божик е откажан. Одлучивме, во договор со лекарите, дека е подобро да останеме во болницата со сета грижа што ни ја даваат тука“, вели Кели Нашименто, ќерката на Пеле.

На легендарниот фудбалер му се влоши состојбата за време на Мундијалот во Катар поради респираторна инфекција.

Scroll to Top