Ралф Лорен ја дизајнира венчаницата на Пријанка Чопра

Актерката и поранешна Мис на светот, Пријанка Чопра, ќе се венча во креација на светски познатиот дизајнер Ралф Лорен. Популарниот дизајнер во својата кариера дизајнирал само три венчаници, една за неговата ќерка, втората за неговата снаа и една за внуката, а четвртата е токму за Чопра која е негова блиска пријателка.

Лорен ја креираше венчаницата и затоа што во 2017 година ги спои Пријанка и нејзиниот свршеник Ник Џонас пред хуманитарниот настан Мет гала. По средбата кај Лорен, двојката почна врска.

Венчаницата на Ралф Лорен нема да биде единствената што популарната глумица ќе ја носи на свадбата. Бидејќи Пријанка и Ник ќе се венчаат и според индиските обичаи, познат индиски дизајнер веќе и изработи традиционална индиска венчаница.

Ник и Пријанка ќе се венчаат овој викенд во Индија.

Scroll to Top