Раперот Дрејк леташе со приватен авион 14 минуи, со летот го загадил воздухот со четири тони CO2 емисии

Раперот Дрејк  предизвика лавина од негативни коментари  меѓу  фановите затоа што летал со приватниот авион на лет  долг само 14 минути. Музичарот со тој лет според нив потрошил 1.500 литри гориво

Дрејк неодамна отпатува од Торонто до Хамилтон, двата града се многу блиску и се наоѓаат во канадската провинција Онтарио, со приватен авион. Според пресметките на Твитер профилот CelebJets, со тој лет го загадил воздухот со четири тони CO2 емисии.

Поради сето ова Раперот беше мета на негативни коментари.

Дрејк инаку не е единствената славна и богата личност која користи приватен авион на кратки релации, тука се и контроверзните старлети Кајли Џенер, Ким Кардашијан, и боксерот Флојд Мејведер.

Кајли Џенер неодамна ги разбесни фановите со краток лет од 3 минути, поради што ја нарекоа „климатски криминалец“.

-Канаѓаните ќе се жалат на климатските промени, а потоа ќе платат илјадници долари за да одат на следниот концерт на Дрејк, постапувајќи како да тој не го користи својот приватен авион на летовите од Хамилтон до Торонто, напиша на Твитер новинарот од Торонто, Темур Дурани.

Scroll to Top