Раперот Дрејк се обложи на Барселона и изгуби 833.000 долари

Светскиот рапер Дрејк изгуби 833.000 долари, откако се обложи дека Барселона ќе победи во Шпанија против Реал Мадрид. Каталонците изгубија со 3:1, а Дрејкл погоди само дека Арсенал ќе го победи Лидс Јунајтед, во Англија. Овој натпревар заврши со 1:0.

Дрејк се обложи дека Барселона ќе го победи Реал Мадрид на Сантијаго Бернабеу. Фановите му коментираа дека повторно немал среќа. Ако погодеше ќе добиеше околу 4 милиони евра.

За потсетување, канадскиот пејач е познат по неговите обложувања. Годинава изгуби околу половина милион долари обложувајќи се на ММА борби.

Scroll to Top