Раперот Икстентејшн убиен на Флорида

20-годишниот рапер Икстентејшн вчера бил убиен на Флорида. Тој седел во својот автомобил пред салон за мотори на Флорида кога во него пукале неколку непознати напаѓачи и потоа избегале.

Според очевидците раперот за кусо време починал од здобиените повреди. Полицијата ги бара напаѓачите, а понудена е награда од 3.000 долари за оној кој ќе даде информација за убијците.

Раперот за кратко време стана многу популарен во САД. Медиумите го нарекуваа „лошото дете на рапот“ оти неодамна ја претепал својата бремена девојка, по што бил осуден на домашен притвор, од кој беше ослободен пред неколку дена.

По веста за смртта на раперот, на Твитер се огласи Канје Вест за да изрази сочувство.

„Почивај во мир. Не ти кажав колку голема инспирација ми беше додека беше меѓу нас. Ти благодарам што постоеше“, напиша Канје.

Scroll to Top