Раперот Кели е прогласен виновен за детска порнографија

Американскиот рапер Р. Кели е прогласен виновен за детска порнографија и сексуално злоставување на малолетни девојки. Затворската казна би можела да му се зголеми за уште 10 години пренесе BBC.

Поротата го прогласи виновен по шест, од 13-те точки од обвинението. Просецот траеше четири години во неговиот роден град Чикаго. По новите точки сега му се заканува зголемување на казната затвор.

Музичарот со „Греми“ награда кој и претходно беше една од најголемите светски музички ѕвезди, беше ослободен само од обвинението од 2008 година за местење на државен судија за детска порнографија. Покрај него ослободени се и двајца од негови поранешни соработници.

Адвокатка негова Џенифер Бојжеан, по судењето рече дека клиентот ѝ бил навикнат на лоши вести. Пресудата следи неколку месеци откако сојузниот судија во Њујорк, во јуни го осуди на 30 години затвор за сексуална трговија.

Врз основа на казната, Кели нема да право на условно ослободување додека не наполни 80 години. Пејачот се соочуваше со слични обвиненија речиси две децении, но постојано ги негираше. Случаите беа сфатени сериозно откако жртвите почнаа да зборуваат на телевизија.

Scroll to Top