Раперот Снуп Дог ќе добие биографски филм

Американскиот рапер Снуп Дог ќе добие биографски филм, потврди студиото „Јуниверзал“.  Сценариото ќе го пишува Џо Роберт Кол, кој работеше на двата дела на „Блек Пантер“.

„Долго време сакав да го направам овој проект и ги барав вистинскиот режисер, совршениот сценарист и најголемото филмско студио, кои ќе го разберат наследството што сакам да го прикажам на филмското платно и да го оставам зад себе“, изјавил Снуп Дог.

 

Scroll to Top