Раперот Снуп Дог стана косопственик на фудбалски клуб

Познатиот американски рапер Снуп Дог стана малцински сопственик на велшкиот фудбалски клуб Свонси Сити, кој игра во англискиот Чемпионшип. Тој беше и модел за новите дресови на клубот за следната сезона.

„Ова е клуб и град што ме трогнаа – работнички, како и јас. Горд сум што сум дел од Свонси“, изјави Снуп Дог, чие вистинско име е Келвин Бродус.

Снуп Дог се приклучи на сопственичката група предводена од американските бизнисмени Брет Крават и Џејсон Коен. Исто така, неодамна и хрватскиот фудбалер Лука Модриќ стана дел од управата на клубот.

Во чест на приклучувањето на Снуп Дог, негов мурал е насликан на западната трибина на стадионот на Свонси. Од клубот најавуваат дека тој ќе има сè поголема улога во иднина, а неговата глобална популарност ќе помогне во промоција и развој на клубот.

Scroll to Top