Раскинаа Кејти Холмс и Џејми Фокс

Холивудските ѕвезди Кејти Холмс и Џејми Фокс раскинаа по петгодишна врска. Кејти и Џејми долги години криеја дека се во врска поради предбрачниот договор на Кејти со Том Круз. Заедно се од 2013 година, а врската ја објавија на почетокот на оваа година.

Американските таблоиди, повикувајќи се на извори блиски на двојката, пред неколку месеци пишуваа дека тие почнале да ја подготвуваат свадбата.

„Мирор онлајн“ вчера откри дека Кејти и Џејми раскинале откако актерката дознала дека Фокс ја изневерил. Повикувајќи се на извори блиски на Холмс, таа му рекла дека не може да му го прости неверството, а Џејми само се согласил со неа и си заминал.

„Кејти е скршена. Срцето ѝ е скршено“, додал истиот извор.

 

Scroll to Top