Неодамна почнаа да кружат гласини за можна врска помеѓу актерката Софија Вергара и возачот на Формула 1 Луис Хамилтон. Сепак, според новите наводи, изгледа дека и двајцата имаат причина зошто не сакаат врска.
„Таа мисли дека разликата во годините е преголема. Дури и тој мисли дека бара нешто друго кај партнерот”, рекол неименуван извор за „Пејџ Сикс“. Инаку, Хамилтон има 40, а Вергара 52.
Гласините за нивната врска започнаа минатата недела. Софија и Луис беа фотографирани пред ресторан во Њујорк, додека се смеат и разговараат цело време пред таа да влезе во нејзиниот автомобил и да замине. Подоцна, извори блиски до нив изјавија дека Софија „толку била занесена во разговорот што едвај ја пробала нејзината храна“.