Актерката Ребел Вилсон откри дека претрпела сериозна повреда на носот за време на снимањето на акционата комедија Bride Hard, поради што морала да го напушти сетот и да побара лекарска помош. Како што пишува Њујорк Пост, повредата била толку тешка што веднаш бил повикан пластичен хирург.
„За време на сцената на тепачката, пиштолот случајно ми влезе директно во лице. Тоа беше лоша среќа и ми беше исечен носот, па веднаш го напуштив сетот. Тоа всушност беше мојот последен ден на снимањето. Помислив: ‘Колку несреќи може да ми се случат?’.Бев преплашенa. Веднаш ja повикаа брзата помош и мораа да донесат пластичен хирург бидејќи во спротивно ќе бев трајно изобличувана. За среќа, хирургот пристигна, сè беше сошиено и сега навистина не можете да видите ништо – навистина, не можете да го видите“, рече Вилсон.
И покрај непријатното искуство, актерката ја пофали целата продукција на филмот.
„Нашата екипа направи навистина импресивен филм, а јас правев неколку сцени и акциони секвенци без појас, понекогаш. Не кажувајте на Нетфликс”, додала на шега.
За време на разговорот, таа се осврна на друго неодамнешно снимање, спомнувајќи го филмот Apex, кој неодамна беше завршен.
„Го завршивме Apex само пред една недела, па сè уште имам австралиска прашина под овој маникир и оваа симпатична чизма крие скршен палец… Можам да зборувам до утре за тоа, но нема“, рече таа.
Иако снимањето било физички напорно, Вилсон сè издржала со насмевка.
„Искрено можам да кажам дека снимањето на Apex беше едно од најневеројатните искуства во мојот живот“, заклучи таа.