Ребел Вилсон првпат стана мајка со помош на сурогат

Актерката Ребел Вилсон стана мајка, добила ќерка со помош на сурогат мајка. За ова Вилсон сподели и на социјалните мрежи со фотографја од нејзината ќерка Ројс Лилијан.

„Исклучително сум горда што можам да го објавам раѓањето на моето прво дете, Ројс Лилијан, родено минатата недела преку сурогат“, напиша Ребел.

Актерката напиша дека не може да ја опише љубовта што ја чувствува кон ќерка си.

„Таа е прекрасно чудо. Засекогаш ќе им бидам благодарна на сите вклучени во ова (знаете кои сте). Но, посебно благодарам на мојата прекрасна сурогат – мајка, која ја носеше и ја роди со таква благодет и грижа. Ви благодарам што ми помогнавте да основам сопствено семејство. Тоа е неверојатен подарок. Најдобриот подарок.” додаде актерката.

Ребел Вилсон вели дека е подготвена да и ја даде сета љубов на Ројс, вели дека брзо учи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rebel Wilson (@rebelwilson)

„Голема почит до сите мајки. Горда сум што сум во вашиот клуб“, стои во објавата.

Во јуни оваа година, Ребел ја потврди врската со Рамон Агрум, дизајнерка на облека и накит и сопственичка на брендот Lemon Ve Limon.

„Мислев дека го барам мојот принц од Дизни… Но, можеби она што навистина ми требаше сето ова време беше принцезата на Дизни“, ја опишала актерката фотографијата со својата девојка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rebel Wilson (@rebelwilson)

Scroll to Top