Папараците успеаа да го снимат синот на холивудскиот актер Џони Деп, Џек Џон Кристофер Деп III, како се шета низ улиците на Париз, во друштво на неговата две години постара девојка Камила Јансен.
Светските медиуми пишуваат за нивната неверојатна сличност. И додека за неговата сестра Лили Роуз се пишува на големо, додека шета низ модните ревии со нејзината мајка, за Џек речиси јавноста не знае ништо.
Џони Деп и Ванеса Парадис, низ годините малку зборуваат во медиумите за нивниот син, а од досегашните интервјуа, може да се заклучи дека Џек е талентиран музичар и вешт цртач.
Џек е роден на 9. април 2002 година. Тој неодамна наполни 18 години. Нема јавни профили на социјалните мрежи, не оди на абави на кои има камери и медиуми и ги избегнува папараците. Тоа досега му успеваше, сè до моментот кога не беше снимен како шета во Париз, а друштво му правеше неговата девојка Камила Јансен.
Медиумите пишуваат дека модниот стајлинг го наследил од неговиот татко.