Откако холивудскиот режисер Глен Вајс ја доби наградата за режија на нагардите„Еми“, среде говор ја побара за сопруга својата девојка Јан Свендсен. Тој излезе на сцената и во емотивниот говор откри дека наградата за „Вариете спешал“ ја посветува на мајка си, која починала неодамна, и на неговата девојка, која му е најголемата поддршка со години.
„Во оваа радост има малку горчина бидејќи мајка ми починала пред две недели. Таа многу ја сакаше Јан. Јан, ти си сонцето на мојот живот и мајка ми беше во право – не дозволувај да останеш без сонцето. Се прашуваш зошто не сакам да те нарекувам моја девојка? Бидејќи сакам да те викам моја сопруга“, рече 57-годишниот режисер во говорот.
Свендсен излезе на сцената и ја прифати понудата за брак. Американските медиуми ја опишаа сцената како вистинска холивудска бајка и коментираат дека Вајс го направил најголемото шоу на „Еми“ наградите.