Режисерот на филмот „50 нијанси сиво“ ќе снима филм за Ејми Вајнхаус

Режисерот на светскиот хит „Педесет нијанси сиво“, Сем Тејлор-Џонсон ќе режира биографски филм за англиската пејачка Ејми Вајнхаус, кој ќе се вика „Back to black“, објавија британските медиуми.

Филмот за животот на англиска кантавторка ќе го носи името на нејзиниот последен албум, кој постхумно стана најпродаваниот музички албум на 21 век во Британија.

Снимањето на овој биографски филм го поддржа таткото на пејачот, Мех Вајнахус, кој изрази големо незадоволство по документарниот филм за животот на неговата ќерка од 2015 година, нарекувајќи го „страшен“.

„Подготвени сме да го прославиме животот и талентот на Ејми, чувствуваме дека сме подготвени да го направиме тоа сега“, рече Вајнхаус.

Ејми Вајнхаус го одржа својот последен концерт во Белград, кога и се слоши за време на настапот и тој беше прекинат.

Scroll to Top