Ричард Гир хоспитализран за време на семеен одмор во Мексико

73-годишниот Ричард Гир бил хоспитализиран неделава за време на семејно патување во Мексико. Глумецот наводно имал пневмонија, а во Мексико бил со сопругата Александра Силва за да го прослават нејзиниот 40 роденден, пренесе „Дејли Мејл“.

ТМЗ објави дека на актерот му била дијагностицирана инфекција на белите дробови откако се пријавил во болница во близина на нивната викендичка во Нуево Валарта.

Се вели дека Гир страдал од кашлица пред патувањето, неговото здравје се влошило па почувствувал потреба да побара лекарска помош. Гир поминал една ноќ во болница. Бил отпуштен кога состојбата му се подобрила. Наводно, му биле дадени антибиотици за да продолжи со лекувањето.

 

Scroll to Top