Ријана и официјално стана милијардерка и најбогата пејачка во светот

Поп-пејачката Робин Фенти, позната како Ријана, и официјално стана милијардерка и најбогата музичарка во светот, објави светскиот економски магазин „Форбс“. Нејзиното богатство се проценува на 1,7 милијарда долари.

Според економскиот магазин, Ријана не заработува само од музиката. Таа главните приходи ги добива од акциите во својата козметичка линија Fentu Beauty. Дури 1,4 милијарда долари од вкупното нејзино богатство се од 50 % акции во оваа компанија.

Таа има приходи и од Savage x Fenty, компанијата за долна облека, но и од настапите како пејачка и актерка. Козметичката компанија на Ријана, чија втора половина ја поседува LVMH, е позната по широката палета од 50 тонови на кожа, вклучително и темни тонови за жени со темна кожа.

Компанијата беше формирана во 2017 година. Пејачката на хитот Umbrella и Love the Way You Lie е втората најбогата забавувачка зад Опра Винфри, додава „Форбс“.

Scroll to Top