Ријана му раскинала на Роки откако дознала дека ја изневерува

Пејачката Ријана му раскинала на нејзиниот партнер познатиот рапер АСАП Роки откако дознала дека го изневерува. Ова го објави познатиот инфлуенсер и моден коментатор Луис Писано, кој рече дека двајцата раскинале пред неколку дена.

Писано објави дека Роки ја изневерил Ријана со позната дизајнерка за чевли на Амина Муади.

„Амина Муади е дизајнерка на чевли за брендот Фенти на Ријана, а работеше и со ASAP пред неколку години“, рече Писано.

За потсетување, Ријана на почетокот на годинава објави дека е бремена, а со раперот Роки е во врска од 2020 година.

Scroll to Top