Ријана си купи куќа од 6,8 милиони долари

Кога е домот во прашање, Ријана навистина не штеди. Неодамна пејачката си купи куќа на Холивуд Хилс во вредност од речиси 7 милиони долари и таа изгледа неверојатно.

Ова модерно здание потполно одговара на нејзиниот темперамент и, тоа најверојатно, значи дека Ри Ри ќе се пресели во Лос Анџелес засекогаш (или додека не ѝ здодее топлата калифорниска клима). Таа поседува и куќа на Барбадос, која ја купила 22 милиона долари во 2014 година.

Разгледајте ги фотографиите подолу и видете како изгледа нејзиниот нов дом.

Scroll to Top