Глумецот Рик Моранис, познат познат по низата комедии меѓу кои и „Истерувачи на духови“ и „Душо, ги смалив децата“, по повеќе од две децении се враќа на филмското платно. Моранис ќе продолжи да ја снима комедијата „Душо, ги смалив децата“.
Рик речиси се повлече од Холивуд откако неговата сопруга почина од рак во 1991 година. Последен пат снимаше во 1997 година, а неговиот глас го има позајмено во неколку документарци.
„Не сум се пензионирал. Зедов пауза бидејќи бев единствен родител на моите деца и со тек на време, таа пауза стануваше сѐ подолга, а тоа што го работев не ми недостигаше“, кажа Моранис во интервјуто за „Гардијан“ од 2013.
Филмот „Душо, ги смалив децата“ ја освои наградата „БАФТА“ (Британската академија за филмска и телевизиска уметност) за најдобри визуелни ефекти и наградата ASCAP (Американското друштво на композитори, автори и изведувачи), како најгледан филм. Филмот оствари добивка од 222 милиони долари во киноблагајните.
Моранис пет години го држеше рекордот како филм на „Дизни“ со најголема заработка. „Душо, ги смалив децата“ излезе во 1989 и потоа беа снимени две продолженија.