Рики Мартин го тужи внукот кој тврдеше дека биле во врска и бара 20 милиони долари оштета

Пејачот Рики Мартин поднесе тужба против неговиот внук Денис Санчез Мартин, кој го обвини за сексуална злоупотреба и бара 20 милиони долари оштета, пишува магазинот „Пипл“.

Ова се случува неколку недели откако неговиот внук ја отфрли тужбата за сексуален напад, а судијата ја укина привремената забрана да му се приближува. Внукот на познатиот пејач во обвинението изјавил дека тој и Мартин биле во романтична врска седум месеци и дека пејачот не го прифатил раскинувањето кое се случило два месеци пред Денис да ја поднесе тужбата.

Внукот тогаш изјавуваше дека се плаши за својата безбедност и побара забрана за приближување која истече на 21 јули, а истиот ден, за време на сослушувањето преку адвокат, побара да ја повлече тужбата, наводно поради неуспешен обид да преговара за финансиска спогодба со адвокатите на Мартин.

Пејачот сега го тужи својот внук за 20 милиони долари за изнуда, неосновани обвинувања, злоупотреба на права и отштета.

Scroll to Top