Рики Мартин и сопругот Џуан Јосеф рака под рака на премиерата на филмот „Елвис“ во Кан

Пејачот Рики Мартин е забележан на балконот од хотелот во кој престојува за време на Канскиот филмски фестивал. Пејачот, кој е во шестата деценија, покажа дека сè уште добро изгледа и дека се грижи за своето тело.

Добитникот на „Греми“ во Кан се појави на црвениот килим во друштво на сопругот на премиерата на филмот „Елвис“, но имаше и настап со пејачката Кристина Агилера, кои заедно настапија на гала-вечерата на американскиот фонд за истражување на сидата.

Американскиот пејач пред десет години откри дека е геј. Музичарот веќе неколкупати беше критикуван и обвинет дека пред 2010 година, кога зборувал за својата сексуалност, бил нечесен кон жените со кои излегувал иако повеќето од девојките што излегуваа со него беа маркетиншки трик и договор што тој го имаше со менаџерот и издавачката куќа.

„Многумина ме прашуваат дали би направил нешто поинаку. Па можеби во едно интервју во 2010 година, кога ме прашаа за сексуалната ориентација, би рекол дека сум геј. Ќе беше одлично да го направев тоа тогаш бидејќи ќе се чувствував неверојатно. Кога станува збор за мојата сексуалност и за тоа кој сум јас, сакам да зборувам за она што ме прави среќен, за сè што сум јас затоа што, ако го скриете тоа, вие сте помеѓу животот и смртта“, изјави Мартин.



Scroll to Top