Рики Мартин сака уште деца

Светската ѕвезда Рики Мартин неодамна изјави дека би сакал да има уште деца. Тој преку сурогат мајка ги доби близнаците Матео и Валентино, кои сега имаат 9 години. Во јануари оваа година стапи во брак со сликарот Иван Јосеф, па двојката размислува дополнително да го прошират семејство.

Во едно скорешно интервју, пејачот откри дека ги обожава своите деца.

„Ги обожавам моите синови. Разговорите што ги водиме се неверојатни. Најпрво бевме две деца и еден татко, па потоа семејството се прошири и сега сме двајца татковци и две деца. Тоа е само почеток, сакаме поголемо семејство“, рекол тој.

Scroll to Top