Рис Витерспун од поодамна го има модниот бренд „Дрејпер Џејмс“, а сега првпат дизајнира за дебели жени. Таа со дизајнерите што работат за неа осмисли парчиња инспирирани од модата на југот, од каде што потекнува, а наменета за сите крупни жени. Во колекцијата има 30 модни парчиња, летни фустани, кошули со широки ракави, комбинезони, широки сукњи. Нејзините дизајни може да се најдат во сите поголеми стоковни куќи во Америка.