Рис Витерспун и Џим Тот се разведуваат по 12 години брак

Американската актерка и продуцентка, Рис Витерспун, објави дека се разведува од сопругот Џим Тот. Популарната актерка на „Инстаграм“ ја сподели веста за разводот.

Двајцата се разведуваат само неколку дена пред нивната 12-годишнина. Рис рече дека сега засега приоритет ќе им биде нивното дете и семејството.

„Имаме некои лични вести да споделиме. Донесовме тешка одлука да се разведеме. Поминавме многу убави години во кои уживавме заедно и напредуваме со длабока љубов, љубезност и взаемна почит кон сето она што го создадовме. Наш највисок приоритет е нашиот син и целото семејство додека се движиме во следното поглавје“, рече Рис.

За потсетување, двојката се венчаше во 2011 година во Калифорнија.

Scroll to Top