Рис Витерспун повторно ќе ја глуми Ел Вудс

Холивудската ѕвезда Рис Витерспун откри дека прифатила третпат да ја глуми Ел Вудс, главната улога во филмот „Русокосата од Харвард“.

„Ел се враќа“, напиша Рис покрај фотографијата што ја објави на своите профили на социјалните мрежи.

Според „Дедлајн“, засега таа е единствената што потпишала договор, но продуцентите на филмот се обидуваат да ги убедат Лук Вилсон и Селма Блер да ги репризираат своите улоги.

Првиот филм беше промовиран 2001 година, а второто продолжение се појави во кино-салите во 2003 година.

 

Scroll to Top