Рита Ора е во врска со синот на Џад Лоу

Пејачката Рита Ора неколку недели е во врска со шест години помладиот Раферти Лоу, синот на глумецот Џад Лоу. Тие се зближија на снимање на модерната верзија на „Оливер Твист“, а пред неколку дена првпат се појавија заедно и се држеа за рацете.

„Сега се во вистинска врска, па решија да се појават првпат заедно во јавноста. Врската е сè уште на почетокот, но многу се вљубени еден во друг“, рекол извор за британскиот „Сан“.

Снимањето на модерниот „Оливер Твист“ започна пред еден месец, а покрај Рита Ора и синот на Џуд Лоу, кој го игра Оливер, глумат и ѕвездите на „Игра на тронови“ Лена Хеди и Мајкл Кејн. Ова е прва улога на Раферти, кој досега работел како модел. Рита, пак, глумеше во последното продолжение на „50 нијанси на сиво“.

Scroll to Top