Рита Ора призна дека е бисексуалка

Албанската пејачка Рита Ора призна дека била во врска и со мажи и со жени. Таа го откри ова откако нејзината нова песна „Девојки“ предизвика реакции на социјалните мрежи.

„Текстот на ‘Девојки’е напишан за да ја претстави мојата вистина и е точен опис на многу вистинско искуство во мојот живот. Имав романтични врски со жени и мажи, и тоа е мојот личен начин. Жал ми е ако изразот во мојата песна повреди некој. Јас не би сакала намерно да ја навредам ЛГБТ заедницата или некој друг“, напишала Рита на Твитер.

Песната е насочена кон истражување на женската сексуалност, а обожавателите на Ора ја споредуваат песната со I Kissed A Girl од Кети Пери.

Scroll to Top